ЛАЖНИ АНКЕТИ!

Може да се лаже народот некое време, ама не може цело време – вистината ќе излезе на виделина, порано или подоцна! Политичкиве криминалци ги навикнаа луѓето на лажење, тоа веќе и се очекува од нив, ама до толку плански и организирано да се лаже – никој не се надеваше! И уште тоа медиумско лажење скапо да се плаќа од наши, граѓански пари!
Секоја чест на новинарот Фуркан што дошол до документи и ги објавил, така работат вистинските новинари кои го штитат граѓанскиот интерес. Можат од ДПНЕ да велат дека се фалсификат колку сакаат – од авион се гледа дека Владимир Божиновски и неговата ИПИС се ДПНЕ-овски измеќари, и дека со нивните лажирани анкети бездушно го лажат народот. Ама и на тоа мораше да му дојде крајот!
Ние ДЕМОКРАТИ многу посветуваме на развивање на довербата со граѓаните, и затоа многу внимаваме на секој јавно искажан или напишан збор.
Најголемата сила на ДЕМОКРАТИ е меѓусебната доверба со граѓаните, како сега во кампањата така и потоа, по добиената доверба за менаџирање со државата. Затоа не можеме да сватиме колку треба да си расипан, подмолен и злонамерен за да им го правиш ова на своите граѓани – од кои што ги чекаш гласовите на избори, и од чии пари и мака живееш! Дали има нешто побездушно?
Лажните анкети на ДПНЕ и другите партии се само мал дел од лагите со кои секојдневно не трујат нас граѓаните, и преку медиумите и во директните контакти, и затоа веќе никој не им верува, па ни сопствените членови. Затоа им се толку мали рејтинзите, кои сакаат да ги скријат со лажирани анкети, и затоа луѓето ја губат довербата во нив и им го вртат грбот.
Но затоа сме тука ние ДЕМОКРАТИ, кои внимателно и посветено ја градиме нашата меѓусебна доверба со граѓаните. На нашите фејсбук анкети, кои се онлајн и не можат да се местат, секој може да учествува и да ги провери, се гледа дека ние ДЕМОКРАТИ и претседателот Јорго Огненовски имаме се поголем рејтинг кај граѓаните, кој го надминува оној на политичките криминалци.
Ние влегуваме во отворена битка со политичките криминалци во заштита на граѓанските и државните интереси, затоа чесно Ве известуваме граѓаните за сите наши ставови и активности, и затоа ја бараме Вашата поддршка на избори.
Почитувани сограѓани, ДЕМОКРАТИ се тука, постоиме и се бориме заради Вас и нема да дозволиме, заради политичките криминалци, да се откажете од вистината и од борбата за Вашите интереси. Борбата ќе биде долга и тешка – но на крај заедно ќе победиме!

Претходно Вечерва имаше дуел на две зла!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ