ЕТИМОЛОГИЈА И РЕШЕНИЕ ЗА КОРУПЦИЈАТА!

Америка и ЕУ велат дека најголемиот проблем на Македонија е – корупцијата. И лидерите на СДС, ДРПНЕ и ДУИ, заедно со нивните пратеници и функционери – тоа го потврдуваат! Потврдуваат дека корупцијата потекнува од власта, и дека владата е најкорумпирана!
Дека тие самите и нивните функционери биле и се најкорумпирани во Македонија!
Ако е тоа така, тогаш логично најодговорни за корупцијата во Македонија се пратениците во собранието – затоа што тие ги изгласале и ги ставиле во функција владата, министрите и функционерите!
И сега тие ќе се правдаат дека тие не дошле сами на пратеничката функција и дека ние граѓаните сме ги изгласале на избори, па затоа логично произлегува дека највиновни и најодговорни за корупцијата во Македонија сме – ние граѓаните!
Дали е така?
Секако дека не е, и тоа е големата манипулација која 33 години ни ја прават политичките криминалци. Со криминален Изборен законик и затворени листи ние граѓаните на избори не гласаме за пратениците – туку за партиите. Ниту ние граѓаните, ниту членството на партиите имаме влијание на составувањето на изборните листи, туку тоа го прават раководствата на партиите – под диктат на лидерите!
Значи, криминалниот и коруптивен изборен закон со затворени листи е најголемата причина за корупцијата во Македонија, кој им овозможува на лидерите да ги корумпираат пратениците и функционерите, и затоа решението за корупцијата само се наметнува – промена на коруптивниот изборен закон со затворени листи, и воведување на ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ!
Но кој го спречува воведувањето на отворените листи и сузбивањето на корупцијата – истите тие партиски лидери и нивните корумпирани полтронски пратеници, кои не сакаат да изгласаат промена на криминалниот Изборен законик и да се воведат отворените листи во собрание!
Тоа значи дека за да се спречи корупцијата во Македонија – мора на следните избори да гласаме за политичката опција која нуди ИТНА промена на изборниот закон и воведување на отворените листи! А таква политичка опција сме само ние ДЕМОКРАТИ!
За да ја спречиме и искорениме корупцијата во Македонија, за да не прифатат и почитуваат и Америка, ЕУ и светот, за да си ја спасиме државата и нас граѓаните во неа, ние ДЕМОКРАТИ повикуваме на обединување во Фронтот за спас на Македонија!
На овие избори ја користиме оваа огромна можност и сите масовно гласаме за спасоносното решение – за ПРОМЕНА НА КРИМИНАЛНИОТ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК, ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ, за ДЕМОКРАТИ и за Фронтот за спас на Македонија!

Претходно Со народот се бориме да ја уништиме политичката мафија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ