Во природата сами слободно и гордо се движат само силните, кои сметаат дека можат сами да се справат со своите противници, и чии животни принципи се најважни. Тие не бараат никого да биде со нив, но ги прифаќаат оние кои ги делат нивните животни принципи и кои покрај нив бараат заштита и сигурност.
Слично е и во политиката, силните партии, со силни принципи и идеологии, не бараат коалиции и се борат сами, но ги прифаќаат помалите партии кои ја бараат нивната поддршка и помош.
Мизерна беше хајката на СДС, ДПНЕ и ДУИ по партии за формирање на што поголеми предизборни коалиции, затоа што така само јасно покажаа колку се слаби и дезориентирани, колку веќе немаат никакви принципи и идеологии, и дека главна цел им се голиот политички и личен интерес – за располагање со нашиот граѓански буџет!
Полтронските приврзоци отворено си кажуваат дека заради Донтовиот модел мораа да влезат во некоја коалиција – за да не пропаднат како партија, дека им е сеедно дали е коалицијата на СДС или ДПНЕ, и дека најважна е проценката – која коалиција ќе дојде на власт!
Ние ДЕМОКРАТИ отворено кажуваме дека преговаравме со многу партии за формирање на што поголем политички блок за парламентарните избори, дека бевме повикани и во ДПНЕ на разговор да им се придружиме во коалицијата, но тие разговори не успеаа од една причина. Додека ние баравме усогласување на нашите изборни цели, принципи и идеологии – тие зборуваа само за распределбата на местата на пратеничките изборни листи, и за функциите кои ги бараат по изборите!
Јасно е дека за другите партии веќе нема никакви принципи и идеологии, сите се исти, криминални, и се водат – само од голиот личен и партиски интерес! Затоа се групираат во што поголеми коалиции, за да им изгледаат што поголеми на гласачите, да ги измамат нивните гласови, и за да се чувствуваат посигурни!
За нас ДЕМОКРАТИ не се најважни личниот и партиски интерес, државните функции и вработувања, располагањето со граѓанскиот буџет – туку државните и граѓанските интереси!
Затоа одиме сами како партија на изборите – но во коалиција со сите граѓани, наречена „Фронт за спас на Македонија“!
Ние ДЕМОКРАТИ сме партија на горди, квалитетни и хумани луѓе, на вистинските патриоти, имаме високи принципи и критериуми за квалитет, се бориме за ИТНО промена на криминалниот Изборен законик и воведување на отворените изборни листи во Македонија, и затоа како партија сами, заедно со граѓаните, одиме на избори!
Ние ДЕМОКРАТИ не се плашиме од ништо. На избори не постојат победа или пораз – постои само доверба и почит кои граѓаните ги даваат на партиите за да им служат на нив и на својата земја! Затоа на нашите изборни листи се најголемите патриоти, квалитетни луѓе кои се спремни да се жртвуваат и да им служат на своите сограѓани и на својата држава! И затоа на парламентарните избори сите горди, принципиелни и слободољубиви граѓани масовно гласаме за нас, за ДЕМОКРАТИ и за Фронтот за спас на Македонија, за ние граѓаните да станеме власт и да си ја вратиме заробената држава преку воведувањето на ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ!
Сега на избори јасно се гледа кои партии се слаби и криминални – а кои силни, и во служба на граѓаните!


