ДЕМОКРАТИ: ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Родителите на децата со посебни потреби водат живот што може да го разберат само оние кои тоа го доживеале или имаат такви семејства во нивната непосредна околина каде живеат.
Живот полн со одрекување и жртвување со дете кое не може самостојно да обавува некои основни дневни потреби како одење во тоалет, облекување, не може само да јаде храна, често не комуницира или има комбинирани психомоторни проблеми.
Како пријател на повеќе такви родители потполно ја разбирам суштината на темата, едниот родител тешко може да воспостави работен однос и притоа да се грижи за своето дете, тоа е како секогаш дома да има мало бебе, тоа е особено тешко по навршувањето на 25-та година од детето, кога престануваат сите организирани училишни и воннаставни активности за овие деца и оттогаш тие практично се насочени исклучиво кон нивните семејства. Поради неможноста истовремено да се работи и да се грижи за дете, често тие семејства што имаат дете со посебни потреби се сиромашни и во немаштии.
РЕШЕНИЕТО за статусот на родители на деца со посебни потреби е донесување на закон „родител – негувател“ со кој државата би можела да обезбеди плата за еден родител согласно слични решенија кои ги имаат развиените европски земји и некои земји во нашата околина. Ваков еден закон треба да биде усвоен во Собрание на Македонија.
Ниту една влада во Македонија досега нема донесено ваков закон, а тоа им оди на душа на сите претходни влади и никогаш до собрание не стигнал еден таков предлог.
ДЕМОКРАТИ нудат квалитетен предлог-закон „родител – старател“.
Родителите на децата со посебни потреби треба да знаат дека тоа што немаат поддршка од државата каква што би требало да имаат, можат само да им се заблагодарат на оние кои владеат со Македонија 33 години
кои немаа политичка волја да го решат ова прашање.
Апелираме на разумот и совеста (ако ја имаат) и повикуваме одма по формирање на идниот парламент (кој и да го формира) веднаш да влезе во процедура и прв приоритет да им биде овој закон и истиот да се донесе за доброто на сите семејства на деца со посебни потреби.
Претходно Програма на ДЕМОКРАТИ за Парламентарните избори 2024 година!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ