ДЕМОКРАТИ: ДОСТАПНОСТ

Многу пријатели ни велат: ДЕМОКРАТИ, ако гласаме за Вас на избори – да не станете после недостапни како овие од СДС и ДПНЕ? па после да не не познавате? Не пријатели, не плашете се, во тоа е и големата разлика помеѓу нас и нив: тие си работат само за нив, а ние постоиме и се бориме – само за Вас!
Тоа може да го каже секој и го кажуваат и не лажат од СДС, ДПНЕ и другите, а доказ е тоа – што не сакаат да се воведат отворените изборни листи! Со затворени листи нивните лидери ги ставаат нивните пратеници на добитни места и нормално е потоа тие како пратеници, да не бидат достапни за нас граѓаните. А и зошто би биле? Нив не ги направивме пратеници ние граѓаните – туку нивните лидери, и затоа не ни служат на нас граѓаните – туку на лидерите! И нормално е дека нема да ни бидат достапни на нас граѓаните – туку на лидерите, и тоа на нив – во секое време !
Со отворени листи пратениците се одговорни пред нас граѓаните и нам ни служат, а не на лидерите, затоа што со нашите гласови станале пратеници. Со отворени листи тие ни служат на нас граѓаните, а не на лидерите, и затоа токму на нас граѓаните ни се постојано достапни. И уште повеќе, ние постојано им помагаме и ги насочуваме во нивната работа во парламентот, затоа што тие нас постојано не известуваат за секој нов закон или иницијатива која се покренува во собрание, а од нас граѓаните очекуваат совети и предлози како да гласаат во собрание, што ние сакаме да помине а што не. Само со Отворените листи пратениците се наши вистински претставници во собрание и се борат за нашите интереси, а ние им помагаме во работата, и затоа се постојано достапни за нас. Е токму така функционираат и пратениците со граѓаните во развиена Европа – со отворени изборни листи!
Затоа драги пријатели, воопшто да не се сомневате за нашата достапност до Вас по изборите. Како што сме сега достапни на сите – тогаш ќе Ви бидеме уште подостапни, затоа што ќе ја имаме честа и довербата од Вас да ве претставуваме во собрание и да менаџираме со нашата и Ваша држава! За тоа да се случи, имаме извонредна можност сите сега на избори да гласаме за нас, за доброто на нашите семејства и на нашата држава. Гласајте за ДЕМОКРАТИ и бројот 16!
Претходно ДЕМОКРАТИ: НЕМА ВЕЌЕ КАКО ДО СЕГА

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ