Најостро го осудуваме националистичкото скандирања од Мирлит Даку, репрезентативецот на Албанија

Најостро го осудуваме националистичкото скандирања од Мирлит Даку, репрезентативецот на Албанија, насочено против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство.
Ова националистичко однесување е спротивно на основните вредности на спортистите и спортскиот дух. Спортот треба да го промовира натпреварувачкиот дух и взаемно почитување помеѓу сите спортисти и нации од светот, а не да се промовира омраза и нетрпение по спортските терени од страна на публиката и спортистите.
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат одговорните институции да го исклучат фудбалерот на Албанија, Мирлит Даку од ЕП, кој направи голема штета со неговото националистичко и недолично однесување према Македонија и македонскиот народ.
ДЕМОКРАТИ се залагаат за соживот помеѓу Македонците и Албанците, а и сите други народи и народности во Македонија.
ДЕМОКРАТИ секогаш водат и ќе водат мирољубива меѓународна политика помеѓу сите земји на светот и народи!
Претходно Фондот за здравство е во тотален хаос!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ