СТАРА КРИМИНАЛНА ШЕМА!

Нова голема кражба и перење на нашите државни пари е на повидок. И не е дека гласачите на ДПНЕ тоа не го знаеа, Мицкоски отворено во својата необјавена програма најави нови 250 милиони евра помош на општините од државниот буџет – и тие пак гласаа за оваа нова голема кражба, иако знаеа какви клептомани се ДПНЕ. А новиот министер за локална самоуправа во најава Перински изјавува дека му е крајно благодарен на Мицко што му ја дава оваа задача, која крајно послушно ќе ја извршува – бидејќи Македонија сега е нивна!
Ние ДЕМОКРАТИ сметаме дека општините треба да бидат самоодржливи во финансирањето и покрај зголемувањето на изворите за финансирање и соработката со стопанството – општините мора да ја зголемат и ефективноста и ефикасноста на нивната работа со намалување на преголемите непродуктивни трошоци, како што се платите за пренатрупаната општинска администрација со партиски војници, трошоците за репрезентации и останатите непотребни издадоци.
Сега, по изборите, ДПНЕ сакаат на своите гласачи и партиски војници да им се оддолжат за гласовите за централната власт – со проектчиња од локалната власт.
Прв проблем е што тоа ќе го прават со наши буџетски, а не со општински пари, зошто сите општини се презадолжени и во банкрот.
Втор проблем е што и државата е банкротирана, па Мицко веќе договара кредит од една милијарда задолжување што прапра внуците на сите граѓани ќе мора да ги враќаат овие кредити.
И трет и најголем проблем е што тоа повторно ќе го прават по старата позната и проверена шема – со вградување на ДПНЕ, Мицко и градоначалникот во секоја пренапумпана цена на изведба, со перење и со крадење на нашите буџетски пари. А за тоа нема да одговараат – според нивниот изменет кривичен закон!
И сега сето ова ние повторно треба мирно да го гледаме, и уште да им ракоплескаме за успешната работа!
Е нема, ДОСТЕ БЕШЕ! Бурно ќе реагираме и ќе се буниме за овој нов голем државен грабеж во најава, ќе им ги отвораме очите на луѓето, кои упорно им ги затворате и ги замајувате. А бидејќи и целата собраниска опозиција е вклучена во оваа валкана игра со нашите граѓански буџетски пари – бараме од сите вонпарламентарни партии да се обединиме и заедно да го спречиме ова големо зло кое и се подготвува на Македонија и на нашите сограѓани
Претходно ДЕМОКРАТИ им го честитаат големиот муслимански празник Курбан Бајрам на Исламската верска заедница!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ