КВАЛИТЕТ

Ние што живеевме во поранешна Југославија знаеме што се’ тогаш се изгради и какви високи стандарди за квалитет имаше, колку се почитуваа законите во почетокот и како функционираше државата. Сите си ја сакавме државата, гиневме за неа, а и таа ни возвраќаше со бесплатно здравство и школство и со висок стандард за луѓето.
Таква дисциплина во работењето, форсирање на најквалитетните и такво почитување на стандардите и законите можеше да се постигне само со еден вид на диктатура – ама на граѓаните, кои сами за се’ одлучувавме преку работничките совети во фирмите и преку сојузите на работниот народ и на младината. Тие беа поддржани од комунистичката партија – како единствена партија, во која членуваа само најквалитетните, заслужни и докажани граѓани. Во Комунистичката партија ги примаа само најквалитетните и најголемите идеалисти, кои беа спремни да му служат на народот и на државата.
Тоа всушност беше еден вид на изборен систем со отворени листи, имаше само една партија – ама во рамките на партијата на листите за пратеници и функционери можеа да дојдат само луѓе кои ќе добијат најмногу гласови од основните организации на комунистичката партија. Ако само некој кажеше дека тој кандидат покажал слаб морал во некоја животна ситуација, себичност и алчност или го прекршил законот, немаше шанси да стане функционер. Самите луѓе од основните организации на партијата најдобро знаеја кој каков е и кој заслужува да ги претставува. А оној кој беше предложен за функционер – беше почестен со довербата, и беше голем срам да ја одбие таа чест, иако немаше лични интереси од неа. Сите бевме спремни бесплатно да се бориме и да го дадеме животот за државата!
И на почетокот на комунизмот имаше многу можности за корупција и криминал, но државните институции одлично функционираа и имаше строги казни за оние кои ќе згрешат кон граѓаните и државата – затоа што првите луѓе во државата беа вистинските борци и патриоти, со највисок морал. Кога тие луѓе со време беа заменети со луѓе со слаб морал, чии лични интереси беа поважни од државните – целиот тој комунистички еднопартиски систем се распадна.
Сепак системот на отворени листи, каде граѓаните одлучуваат за своите претставници во парламентот и за своите судбини, и каде пратениците и функционерите се наши граѓански слуги – опстана, се усоврши, и ги води современите капиталистички држави во напредок, квалитет и развој.
Затоа ние ДЕМОКРАТИ инсистираме на итно воведување на отворените листи во Македонија, да се врати вистинската моќ во рацете на граѓаните како порано и ние граѓаните со љубов и патриотизам да се бориме за развој и квалитет на нашата држава и за подобро утре на нашите поколенија!
Претходно Во 21-от век го немаме решено проблемот со наводнувањето на земјоделските полиња.

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ