Во време на катастрофална економска криза Владата и Мицкоски за жал, гo зголемуваат бројот на министерствата.
ДЕМОКРАТИ го осудуваат зголемувањето на бројот на министерства од страна на новата Влада на Мицкоски во време на катастрофална економска криза. На место да се намалуваат министерствата, тие ги зголемуваат за да ги задоволат своите коалициони партнери и креираат вработувања за нивните политички елити, во време кога повеќе од граѓаните живеат во невидена сиромаштија и беда!
За потсетување е дека најмногу бројна беше владата на Љубчо Георгиевски која броеше 27 министерства, а 26 имаше владата на Никола Груевски, додека актуелната има 24, премиер, 20 министри и три министри без ресор (читај лебојадачи, народски кажано глодачи-цицачи на народниот буџет)!


