ДЕМОКРАТИ направивме детална анализа на изборната програма на ДПНЕ 1198 и во неа има рокови на изведба на само неколку проекти. Несериозноста на програмата и потценувањето на граѓаните се гледа токму тука, во роковите на изведбата. Најголем дел од проектите имаат рок на изведба од 2024 до 2028 година, а некои и до 2032 година. Каков е тој рок на изведба? Како некој мајстор да ти каже дека ќе ти ја заврши работата од сега до крајот на животот!
Човекот се држи за збор, а партиите за изборната програма. Еве накратко кои проекти од 1198 ДПНЕ вети дека ќе ги реализира во 2024 г:
– Владино координативно тело против корупцијата во првите 100 дена, безмилосна борба против корупцијата и казни за корумпираните носители на јавни функции;
– Нула корупција во јавните набавки, формирање Регистар за единствен систем за јавни набавки;
– Независни, професионални и слободни јавни медиуми;
– Ослободување на граѓаните од тарифата за пристап на системот за електрична енергија;
– Завршување на изградбата на автопатот Скопје – Блаце;
– Распуштање на судскиот и обвинителскиот совет;
– Давање 250 милиони евра на општините;
– Зголемување на пензиите за 5.000 ден.
За следните проекти нема стриктен рок, но има алузија дека ќе се спроведат веднаш:
– Засилување на стратешкото партнерство со САД и отварање на поглавјата со ЕУ;
– Измена на изборниот закон и воведување една изборна единица и 90 пратеници;
– Укинување на техничката влада;
А за репреговарањето на договорот со Бугарија, нема ниту збор, иако им беше полна устата во кампањата!
Другите проекти од 1198 се со подолг или неопределен рок, што веднаш ја открива несериозноста на програмата.
Ние ДЕМОКРАТИ ви служиме на Вас граѓаните и ќе го следиме извршувањето на проектите во зададените рокови, а на крајот на 2024 година ќе направиме пресек на извршувањето. Знаеме дека најголем дел од проектите нема да бидат исполнети, но за Вашето изборно лажење од ДПНЕ ќе оставиме да процените сами. Па ако се задоволни тие што ги гласаа – пак нека ги гласаат!


