Со право ДПНЕ не ја става изборната програма на партиската веб страна, бидејќи таа е многу омаловажувачка и потценувачка за интелегенцијата на граѓаните, со еден збор – мизерна.
Во неа нема ништо од најавуваното раскинување на договорот со Бугарија, напротив – има најава за ставање на бугарите во устав под одредени услови. Сите други проекти се само шарени лаги, за кои нема ниту рок ниту обврска да се исполнат.
За еден од ретките конкретни проекти од програмата, распуштањето на судскиот и обвинителскиот совет – странците веднаш ги удрија по прсти, да не ја пружаат раката таму, па и тоа изборно ветување нема да го остварат.
ДЕМОКРАТИ сметаме дека е жално ова што ДПНЕ им го прави на граѓаните на Македонија и господ ќе ги казни заради толкавите надеж, верба и гласови што граѓаните им ги дадоа на избори. Не дека не им кажувавме какви се, ама граѓаните им поверуваа и не не послушаа.
Можноста да го лажат народот, да му ветуваат се во програмата на избори, а ништо да не остварат и никој да не одговара – им ја дава криминалниот Изборен закон за кој одамна зборуваме. Затоа и натаму ќе инсистираме на негово ИТНО менување и воведување на отворените листи, како најдобро решение против корупцијата и криминалот.
Ние ДЕМОКРАТИ сме единствената партија која инсистира на промена на криминалниот Изборен закон и отворени листи и очекуваме поддршка од граѓаните за нивно воведување во Македонија, за конечно надминување на оваа мизерна положба на главниот суверен во државата, вашето величество – граѓаните!


