Нашиот ,,голем патриот“ Мицкоски, на НАТО самитот во САД, во своите дискусии, својата земја ја нарекуваше Северна Македонија, а од друга страна во изјавите надвор од самитот, во Македонија, популистички и за мачкање очи на членството и граѓаните кои гласаа за него, ја нарекува Македонија, со што и отвори можност и на Грција, покрај Бугарија, да го блокира членството на Македонија во ЕУ.
Како ДЕМОКРАТИ сметаме дека Мицкоски прави голема штета за државата. Од една страна се покажува дека е сервилен кон меѓународната заедница, а од друга страна им дава алатки во рацете на Грција и Бугарија уште поскапо да ни го наплатат членството во ЕУ. За жал, вака го навредува народот и прави големи штети за државата, со ефтини уличарски штосови.
Нема ништо од враќањето на гордоста на Македонија со ДПНЕ, а Мицкоски се однесува како Македонија да е лично негова. Глупостите кои ги гледаме и уште повеќе кои се најавуваат, ние ДЕМОКРАТИ нема да ги следиме пасивно, туку активно ќе им се спротивставуваме и ќе му укажуваме на народот за големите штети кои тие ги прават по граѓаните и државата! Популизмот на Мицкоски за него лично дава голема корист, но за нас граѓаните и државата е премногу скап!


