Најголемото современо предавство на државата и граѓаните е – непродуктивното презадолжување на државата! А токму тоа го прават со децении ДПНЕ, СДС и ДУИ, а сега ВЛЕН и ЗНАМ!
Ние ДЕМОКРАТИ одамна зборуваме дека најголеми зла во државата се корупцијата, криминалот и партизацијата, продуцирани од криминалниот Изборен закон со затворени листи, кои овозможуваат на власт да дојдат политички криминалци. Истите овие политички криминалци ја презадолжуваат државата за финансирање на најголемите зла и својата партиска војска.
И кој е резултатот на презадолжувањето на државата – масовното иселување од државата, најмногу на младите! Младите не сакаат да ги враќаат долговите на политичките криминалци, кои се збогатија на грбот на граѓаните.
Па тогаш кој ќе ги враќа кредитите, пензионерите? Ова води директно во пропаст и распад на државата!
Затоа ДЕМОКРАТИ велиме дека презадолжувањето на државата со непродуктивни кредити, за плати, пензии и за партиски војници – е најголемото предавство на државата!
ДЕМОКРАТИ одамна укажуваме дека причината за оваа ситуација е криминалниот Изборен закон и затворените листи, преку кои на власт доаѓаат политички криминалци.
За да ги спречиме криминалните избори како ДЕМОКРАТИ се бориме за единственото исправно решение за спас на Македонија, ИТНА промена на криминалниот Изборен закон и воведување на Отворените листи!
Очекуваме голема граѓанска поддршка за остварување на оваа најголема цел – за да си ги спасиме младите и државата!


