За жал, во вчерашниот пожар кој неконтролирано гореше во Пехчево, изгоре единственото противпожарно возило на ДПД-Пехчево. Во цела несреќа, среќа е што немаше човечки жртви.
Замислете народе: Пехчево има само едно мало камионче за гаснење пожари и како може пожарникарите да се справат со гаснење на огромни шумски пожари.
Во последните 33 години како самостојна држава, колку пари се имаат инвестирано во опрема за гаснење пожари и човечки фактор – пожарникари и пилоти?
Колку политички богаташи се изродија во последните 33 години во Македонија, кои владееја и уште некои од нив владеат со државата, се збогатија, поточно опљачкаа милијарди евра од народниот буџет?
На место тие пари да бидат инвестирани во опрема за гаснење пожари, пожарникари, пилоти и во други сектори како што се образованието, здравството, економијата, инфраструктурата, животната средина и друго.
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат граѓаните, да ни се придружат во борбата против политичкиот криминал и корупцијата, за спас на Македонија!


