Секојдневното неконтролирано покачување на цените на основните производи како што се храната, пијалоците, транспортот, облеката, струјата, здравствените услуги, недвижностите, давачките према криминалната држава (даноците за недвижности и други) доведува до зголемување на бројот на сиромашни граѓани кои гладуваат секој ден.
Но, за жал, во уште потешка ситуација се семејствата кои живеат под кирија, бидејќи кириите се многу високи во споредба со платите и пензиите.
На четворочлено семејство за да ги покрие одновните животни потреби му е потребно минимум 1.000 евра месечно.
ДЕМОКРАТИ се свесни за катастрофалната економска состојба во која се наоѓа Македонија, благодарение на 33 годишното владеење на политичките злосторнички банди од редовите на криминалните здруженија на ДПНЕ-СДС-ДУИ и нивните полтронски приврзоци.
За да се спасиме од сиромаштијата ДЕМОКРАТИ предлагаат:
1. Контрола на неоправданото зголемување на цените
2. Зголемување на минималната плата (1.000 евра)
3. ИТНА финансиска поддршката за сиромашните граѓани
3. Секоја година наредните 10 години да се инвестира 2 милијарди евра во капитални проекти, градење на фабрики, производствени погони, земјодлството – производство на храна, преку кои ќе се креираат нови вработувања во стопанството со високи плати
4. Намалување на вработените во јавната администрација, намалување на бројот на министерства, бројот на пратеници, укинување на апанажата, патни трошоци за функционерите
Ако не се преземат овие мерки ИТНО, за жал, сиромаштијата ќе расте и ќе се зголемува бројот на сиромашни граѓани, кои во иднина уште повеќе ќе гладуваат и живеат помизерен живот!
Не смееме да дозволиме во Македонија да имаме огромен број на сиромашни граѓани, кои секој ден гладуваат, а од друга страна да имаме мала група на супер богаташи, кои на криминален начин го стекнаа богатството.
ДЕМОКРАТИ го повикуваат народот да ни се придружи во борбата против сиромаштијата и злосторничките криминални банди од редовите на ДПНЕ-СДС-ДУИ и нивните полтронски приврзоци, кои 33 години ги осиромашуваат граѓаните, а тие се богатат и живеат раскошен расипнички живот!


