Урбаната мафија во Македонија се повампири и има тотален монопол врз цените на недвижностите во Македонија, кои цени астрономски ги зголемуваат секој ден.
Претходната ненародна Влада ништо не превзеде, а исто така и ова Влада молчи и не превзема ништо за да го спречи астрономското покачување на цените на недвижностите, како што се становите. За жал, повеќето граѓани не можат да си дозволат да купат станови, бидејки цените на истите астрономски ги зголемува урбаната мафија со секој изминат ден.
ДЕМОКРАТИ ги предлагаат следните мерки, со кои би се спречило астрономското покачување на недвижностите и повеќето граѓани би можеле да купат стан или куќа за живеење во иднина:
1. Државата да формира непрофитна државна фирма за изградба на станови и куќи (фирмата ќе гради станови низ Македонија и ќе ги продава на граѓаните по реална цена на градба, без да остварува нето-профит).
2. Државата да го контролира неконтролираното астрономското покачување на цените на недвижностите.
3. ИТНО да се донесе закон, зголемување на затворските казни и одземање на имотот од дедо и прадедо, на корумпираните политичари-функционери, кои го креираат и менуваат урбанистичкиот план во корист на урбаната мафија и им издаваат дозволи за градење, со што се овозможува да се врши бетонизација на градовите, селата и уништување на животната средина, како и огромна финансиска добивка во корист на корумпираните политичари и урбаната мафија, креирана од политичките криминалци.
Како ДЕМОКРАТИ длабоко сме убедени дека со примена на горе спомнатите мерки, можеме да го спречиме повампирувањето на урбаната мафија, астрономското покачување на цените на недвижностите, уништување на животната средина и повеќето граѓани ќе можат да си дозволат да купат стан или куќа по реални цени!


