Премиерот Мицкоски едно ветува, а друго прави!

Додека беше во опозиција, наводно го критикуваше зголемувањето на функционерските плати и бараше нивно намалување, а сега си молчи и не бара итно намалување на платите на функционерите.
Сега тој си зема плата од 140.450 или 2.280 евра. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски зема скоро иста плата како премиерот 140.405 денари, а вицепремиерите и министрите земаат плата по 115.540 денари.
Годишно од народниот буџет се трошат 843.000 евра, само за платите на премиерот и 23 министри, а за жал, не знаеме колку ќе не чинат платите на 1.060 избрани финкционери, бидејќи нема податоци за нив.
Додека повеќето вработени земаат мизерна минимална плата од 22.567 денари и живеат мизерен живот, функционерите земаат пет пати поголеми плати.
ДЕМОКРАТИ предлагаат:
1. Намалување на платите на функционерите
2. Намалување на јавната администрација која го празни народниот буџет
3. Наместо да се трошат милијарди евра за плати на функционерите и јавната администрација, да се инвестира секоја година по две милијарди евра, во наредните 10 години, во изградба на фабрики, производствени погони, електрани, во земјоделието, науката и иновации, кои инвестиции ќе креираат врвна економија, стотици илјади нови вработувања во стопанството, со високи плати и на тој начин ќе го спречиме масовниот егзодус на младите од Македонија.
Македонија вечна и вековита!
Претходно Откако ДПМНЕ-ВЛЕН-ЗНАМ формираа Влада и избраа министри, заменици – министри, директори, членови на извршни одбори и комисии, сега се спремни да работат за свое добро!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ