а жал, ДПНЕ им овозможи на ВЛЕН и ДУИ да продолжат со масовните политички криминални вработувања

ДПНЕ и ДУИ во Собранието формираа парламентарна комисија за почитување на фамозниот ,,Балансер” за етнички вработувања, која ќе ја следи етничката застапеност во државните институции и ќе претседава кадар на ДУИ.
Ова е уште еден доказ за ветувањето на ДПНЕ дека ќе го укинат Балансерот за вработување по етничка припадност во јавната администрација и единствен услов за вработување ќе биде квалитетот и стручноста, е уште една лага и манипулација со граѓаните-гласачите.
Наместо да го укинат Балансерот за вработувања по етничка припадност и единствен услов за вработување да биде стручноста и професионалноста, ДПНЕ, ВРЕДИ и ДУИ формираа собраниска комисија за контролирање на етничките вработување во јавната администрација.
После избори на големо продолжува соработката помеѓу ДПНЕ и ДУИ и покрај тоа што пред избори негираше било каква соработка со ДУИ и укинување на Балансерот.
За жал, ДПНЕ им овозможи на ВЛЕН и ДУИ да продолжат со масовните политички криминални вработувања на своите членови, роднини и пријатели во државните институци, преку кои институции ги финансираат своите гласачи со плати, дневници и патни трошоци од народниот буџет!
ДЕМОКРАТИ подолго време се залагаат да се укине ,,Балансерот”, бидејќи вработувањето по етнички клуч е погрешно, дискриминаторно и погубно за економијата, државата и доброто на граѓаните.
За ДЕМОКРАТИ единствен услов за вработување е стручноста и професионалноста, а не етничката и партиската припадност.
Претходно Ги осудуваме политичарите од ВРЕДИ и Гаши, Претседателот на Собранието, кои организираа религиска молитва во Собранието на Р Македонија.

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ