ИТНО да се донесат 3 закони против политичкиот криминал и корупцијата

ДЕМОКРАТИ подолго време се борат против криминалот и корупцијата во политиката и предлагаат да се донесат закони за политичарите-функционери-криминалци, со кои закони државата ќе можи успешно да се бори против политичкиот криминал и корупцијата во Македонија:
1.Закон за потеклото на имотот и конфискација на истиот ако е стекнат на криминален начин од 1991 година до денес
2. Закон да не застаруваат кривичните дела
3. Закон да не може да се амнестираат политичарите-функционерите-криминалци од 1991 до денес
ДЕМОКРАТИ се свесни дека овие закони нема да бидат донесени во Собранието од пратениците, од проста причина што некои од нив, а и нивните колеги-политичари, поранешни функционери-криминалци, осудувани и не осудени, ќе бидат опфатени со нив и ќе завршат зад решетки, а украденото богатство ќе им биде конфискувано.
Како ДЕМОКРАТИ сакаме да спомнеме неколку можни имиња од политичката сцена од 1991 до 2024 година, кои би можеле да бидат опфатени и кривично прогонувани од државата.
Од македонската политичка сцена: Бранко Црвенковски, Петар Гошев, Марјан Ѓорчев, Љубчо Георгиевски, Ѓорѓи Спасов, Павле Трајанов, Сања Божиновска, Трајко Славевски, Владо Камбовски, Ванчо Чифлиганец, Кочо Анѓушев,, Владо Бучковски, Зоран Заев и Максим Димитриевски.
Од албанската политичка сцена: Мендух Тачи, Али Ахмети, Крешник Бектеши, Џеват Адеми, Теута Арифи, Изет Меџити, Зијадин Села, Артан Груби и Арбен Таравари.
Со ИТНО донесување на овие закони ќе можеме успешно да се бориме против политичкиот криминал и корупцијата и ќе можеме да креираме правна и функционална држава, каква што заслужуваат сите граѓани!
Претходно КРИМИНАЛНА ДРЖАВА = КРИМИНАЛНО СУДСТВО

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ