Ја знаете ли најкратката дефиниција за луд, глупав и паметен човек?
Глупавиот не може да решава проблеми, но разликува добро од лошо.
Лудиот може да решава проблеми, но не разликува добро од лошо или не му е гајле за другите ако нему му е подобро.
Паметниот може да решава проблеми и разликува добро од лошо.
Ние ДЕМОКРАТИ знаеме и гледаме дека во Македонија има доста глупави, малку луди и најмногу паметни луѓе, но како во народната поговорка – паметниот попушта пред лудите и глупавите!
Лудите луѓе ни се пред очи, тие се во врвот на политиката денес и ние паметните попуштаме пред нив, се повлекуваме пред нивната лудост и глупост и дозволуваме тие, со помош на криминалните затворени изборни листи, да ни ја водат државата во амбис. Тие во својата моќна но, пеколна мрежа ги внесуваат помалку лудите и поглупави луѓе од нив, кои се спремни да ги слушаат и да извршуваат се што ќе им кажат. Лудите тоа го прават свесно и од личен интерес, а глупавите се манипулирани дека така прават добро за себе и за државата.
Ние ДЕМОКРАТИ знаеме и гледаме дека паметните луѓе во Македонија молчат затоа што гледаат што им се случува на тие што се бунат или се повлекуваат и ја напуштаат државата!
И затоа велиме – ДОСТА Е!
Доста беше молчење и повлекување пред лудите и глупавите! На глупавите треба јасно и гласно да им кажеме и покажеме како се лажени и манипулирани од лудите, а на лудите да им кажеме дека ни е преку глава од нивните криминални и коруптивни лудории, дека веќе не им се плашиме и дека не се повлекуваме пред нив!
Паметните луѓе во светот знаат дека криминалните изборни закони со затворени листи форсираат луди луѓе, кои за личен интерес се спремни да лажат, манипулираат и во своите партии да привлекуваат поглупави од нив.
Затоа паметните го отфрлаат овој криминален изборен систем и ги воведуваат отворените листи кои ги форсираат паметните луѓе, им даваат изборна моќ и со нивна помош ги сузбиваат најголемите државни зла: криминалот, корупцијата, партизацијата и т.н.
Затоа ние ДЕМОКРАТИ ги повикуваме сите паметни луѓе во Македонија повеќе да не молчат и да не трпат, бидејќи веќе нема каде да се бега и повлекува. Да ни се придружат во Фронтот за спас на Македонија – за што поскоро да го промениме криминалниот Изборен закон и да ги воведеме отворените изборни листи. Да ги тргнеме лудите, како од врвот на македонската политика така и од нашите животи!


