Мизерна Влада и Министерство за образование ги остави децата со попреченост, без образовни асистенти да ја почнат учебната година. За жал, на повеќе од 800 образовни асистенти секоја година договорите за работа им се прекинуваат и наводно ќе имало нови огласи во иднина.
Ние како ДЕМОКРАТИ сметаме дека ова е идиотска глупост и иживување со децата со попреченост и нивните родители.
Да започнеш учебна година без образовни асистенти, поточно кажано да ги менуваш и најверојатно го прават тоа за са можат повеќето од образовните асистенти да бидат заменети со партиски полтрони, е невидена идиотска глупост од страна на министерката Весна Јанева и се разбира и Владата!
Жалосно е за децата со физичка и ментална попреченост да ја започнат учебната година без неопходната помош што им е потребна од образовните асистенти. Без образовни асистенти е невозможно за овие деца да ја следат успешно наставата, каде со инклузијата се вклучени во редовните училишта, наместо специјални паралелки.


