Како ДЕМОКРАТИ бевме повторно мотивирани да пишуваме за катастрофалната состојба во здравство, благодарение на изборот на поранешниот неспособен министер за здравство Арбен Таравари за министер за здравство.
ДЕМОКРАТИ ги прашуваат Владата и Мицкоски како можеа поранешниот неспособен министер за здравство Арбен Таравари да го постават повторно за министер за здравство?
Неговиот избор го сметаме за најголема глупост на деценијата. Таравари како поранешен неспособен министер по здравство, е дел од причината за хаосот кој постои во здравство и длабоко сме убедени, дека никогаш нема да може успешно да го менаџира уништеното здравство.
ДПНЕ-ВЛЕН-ЗНАМ и Владата како коалициони партнери не ги интересира дали нивните кандидати се способни за одговорни функции, како што е позицијата министер за здравство, напротив, нив ги интересира да си ги вработат нивните политички елити и послушни членови – полтрони!
На место врвни професионалци да се постават да ги менаџираат успешно државните институции и уништеното здравство, политичките партии ги поставуваат нивните неспособни политички елити, послушни членови – полтрони, поддржувачи, роднини, швалерки и швалери, поточно кажано, неспособни луѓе.
Сите граѓани добро знаат каков хаос владее во здравството денес. За жал, ДПНЕ-СДС-ДУИ и нивните криминални банди во последните 33 години, го уништија здравство и државните здравствени установи ги претворија во мртвечници!
Затоа ДЕМОКРАТИ ги повикуваат сите граѓаните да ни се придружат и заеднички да се бориме да го спречиме понатамошното уништување на здравството и негрижата за пациентите од страна на Министерството за здравство и Владата!
МОРАМЕ да се бориме и избориме да креираме подобро здравство и да не’ дозволиме во иднина илјадници пациенти да ни умираат по здравствените установи – мртвечници, а можат да бидат спасени!
ДОСТА секојдневно умираат луѓе по државните здравствени установи – мртовечници!
П.С. Сликата е снимена во Клиничката болница во Битола. Двајца починати пациенти се покриени со чаршафи, додека трет пациент прима инфузија!


