Вие можеби навистина сте луди – ама ние одамна веќе не сме збунети!

Леле луѓе, што дочекавме! Нашите граѓански непосредни избраници градоначалниците, сами и со ништо предизвикани – да бараат ограничување на својата, а со тоа и на нашата граѓанска моќ! И замислете ја причината – за да не можел некој наш градоначалник, заради своја фрустрација, да држи во заложништво цел град или општина! И што требало да се направи – да се префрлат нивните ингеренции – во рацете на владата, односно на премиерот!
А кој ги бира денес послушните и корумпирани градоначалници, со затворени листи и со гласање за партии – лидерите на партиите! Затоа денес градоначалниците се нивни горди послушници, и тоа не се најквалитетните луѓе – туку луцкасти типчиња стрвни за пари и моќ. А што да правиме ние граѓаните ако некој од тие партиски лидери полуди, или недај боже да ни полуди премиерот, кој сите гордо и беспоговорно го слушаат? Нели е лудо, или максимално криминално и коруптивно, да се даваат 250 милиони евра на неспособни и луцкасти градоначалници, кои не само што не се способни ниту да си ја одржуваат општината стабилна – туку книжат огромни загуби во нашите граѓански јавни претпријатија?
Ние ДЕМОКРАТИ сметаме дека градоначалничката на Скопје Данела дури испадна и најчесна – бидејќи јавно на прес ги објави намерите за криминал на ДПНЕ и им ги ,,потскрати рачињата да не ги ставаат во медот” и одби да учествува во таа граѓанска пљачка преку градот Скопје.
Исто така сметаме дека ни е доста од луцкасти и гордо послушни градоначалници – кои со Отворени листи никогаш не би биле избрани. Наместо намалување на ингеренциите на градоначалниците и централизација на локалната самоуправа, ние ДЕМОКРАТИ сметаме дека е потребна нејзина поголема децентрализација, а најдобра превентива за фрустрирани или полудени градоначалници или функционери е – промената на криминалниот изборен закон и воведување на отворените листи! Со отворени листи никогаш не е можно избирање на нестабилни и неквалитетни личности, а за секој случај е предвидена и можност за нивно отповикување!
Затоа – доста со глупости и ефтини шибицарски финти, преку глава сте ни веќе. Ние ДЕМОКРАТИ ве предизвикуваме: Ако сте навистина сигурни во своите квалитети и во поддршката од граѓаните – ајде ИТНО да го промениме криминалниот Изборен закон и да ги воведеме отворените листи, па уште на локалните избори да видиме кој лидер и која партија навистина колку тежиме?
Вие можеби навистина сте луди – ама ние одамна веќе не сме збунети!
Претходно ДЕМОКРАТИ ја прашуваат претседателката на Македонија каде е македонското знаме?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ