Ние ДЕМОКРАТИ ги прашуваме луѓето: „За кого сакаш да гласаш на избори, за партија или за човек? “Неинформираните луѓе обично одговараат: „ Па нели е сеедно?“ ДЕМОКРАТИ велиме: „Не само што не е сеедно, туку тука е и коренот на сите наши граѓански и државни проблеми денес!“
„Кој сакаш да одредува кој ќе биде пратеник и кој ќе се бори за тебе и за твоите најмили во собрание – дали ти или партијата?“ И сите без исклучок ни одговараат: „Секако дека јас сакам да одлучувам, сакам мене за се да ме прашуваат пратениците и мене да ми одговараат за направеното!
“Ние ДЕМОКРАТИ велиме: „Значи, ти си за избори со отворени листи?“, а луѓето одговараат: „Ако тоа се отворените листи – Да, секако дека сум за отворени листи и тоа инсистирам на нив!“
Најглупавата работа што може да се направи е да се тераат луѓето да гласаат за партии на изборите.
Кој е и што е партијата? Никој и ништо, обично правно лице! Ниту можеш да ја повикаш на одговорност, да ја казниш, ниту можеш да ја обврзеш да го исполни ветеното. Најголемите политички криминалци, лажговци и манипулатори се кријат зад партиите.
Вистинските демократи, како ние од ДЕМОКРАТИ, не се криеме зад партијата и гордо и достоинствано стоиме зад кажаното – со нашите имиња, чест и интегритет! И затоа инсистираме на ИТНА промена на криминалниот Изборен закон и воведување на отворените листи во Македонија!
Со отворените листи ние граѓаните одредуваме кој ќе стане пратеник, а не партиите и тие пратеници потоа во собрание работат за нас граѓаните, а не за партиите.
Само така нашите граѓански пратеници строго ќе ја контролираат законитоста на работењето на владата, премиерот, министрите и функционерите, и затоа само со отворени листи можеме да имаме правна и функционална држава. Така е и во развиена Европа. Во спротивно со се ќе раководат партиите, и ќе биде како сега – се полошо и полошо!
Затоа ДЕМОКРАТИ инсистираме ние граѓаните да ги одредуваме главните луѓе во државата – пратениците, инсистираме на избори да гласаме за луѓе, а не за партии – со отворени, а не со затворени листи! Само со отворени листи законите максимално се спроведуваат, криминалците одат во затвор, а најдобрите луѓе ни ја водат државата – по наша мерка! И затоа инсистираме на ИТНО воведување на отворените листи во Македонија, за што ни треба вашата поддршка.
Очигледно само ние ДЕМОКРАТИ силно се бориме за воведување на отворените листи, и за остварување на најголемите интереси на сите граѓани, а сите други партии од немајкаде даваат срамежлива поддршка за отворените листи.
Ајде сите заедно со ДЕМОКРАТИ да станеме во силна и бескомпромисна борба во јавноста – до конечна промена на криминалниот Изборен закон и воведување на отворените листи и граѓанската воља во Македонија!


