Генијалците од ДРПНЕ смислиле нов начин како да ги купат следните локални избори – со наши граѓански буџетски пари и при тоа многу од тие пари да си стават во џеб! Тоа безобразно го ставија во изборната програма – и добија гласови за префрлање на 250 милиони народни буџетски евра на своите полтронски градоначалници. Сега од тие пари комотно ќе си ги плаќаат и медиумите и партиските војници, а и ќе се купуваат гласови – со наши пари ќе удираат по наша глава!
Ние ДЕМОКРАТИ сакаме да ставиме крај на ова безобразно крадење на нашите буџетски пари и тие да се трошат само во граѓански и државен интерес.
Тоа може само со слободни и независни пратеници, изгласани од граѓаните со отворени листи.
Затоа ДЕМОКРАТИ ве повикуваме сите да ни се придружите во нашата света борба за правна и функционална држава, за квалитетна и просперитетна Македонија!


