Пред некој ден беа доставени до Собранието измените на Законот за локална самоуправа по скратена постапка, а негови предлагачи се координаторите на пратеничките групи на ДПНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, кои измени на законот ќе овозможуваат актуелните в.д. градоначалници да изигруваат градоначалници во општините, Сарај, Аеродром и Гостивар до редовните локални избори во октомври 2025 година, откако претходно градоначалниците беа избрани – поставени во законодавната или извршната власт.
ДЕМОКРАТИ се згрозени од овие манипулации и измами на владеачките партии, кои изигруваат душегрижници под мотото, ,,ќе заштедат пари” од народниот буџет ако не се одржат вонредни локални избори, а од друга страна немилосрдно го празнат – пљачкаат народот буџет, со измислување на нови министерства, министерски места, заменици министри, советници, директори, заменици директори, разни излитени кадри за национални координатори, нови партиски вработувања на свои полтронски послушници и лепачи на плакати, кои немилосрдно го празнат народот буџет.
ДЕМОКРАТИ секогаш ја кажуваат вистината, а таа е: на горе споменатите преваранти не им важно да го штедат народниот буџет, туку им е важно да си ги задржат градоначалничките позиции преку нивните в.д. градоначалници до октомври 2025 година.
Медиумите објавија дека и пратениците од ДУИ ќе гласаат за измените на Законот за локална самоуправа, затоа што за да поминат
измените потребно е и Бадентерово мнозинство, односно 2/3 од пратениците во Собранието треба да гласаат за измените.
Секогаш ,,другарчињата” во Собранието се сложни кога е во нивен заеднички интерес, како онаа стара мудрост ,,Сложни калуѓери и во петок мрсат”!
Жалосно е што во Македонија во последните 33 години секогаш доаѓаат на власт неспособни манипуланти, преваранти, криминалци, но уште пожално е што одредена група на гласачи упорно ги гласаат со децении. На горе споменатите преваранти единствена цел им е да владеат и да се богатат на сметка на македонската држава и сиромашниот народ, а не да работаат во нивен интерес!
ДЕМОКРАТИ се згрозени од невидената измама и манипулација на граѓаните, со измените на Законот за локална самоуправа, од страна на ДПНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ.
ДЕМОКРАТИ се против измена на Законот за локална самоуправа и предлагаме оваа година да се одржат фер и демократски предвремени локални избори за градоначалници во општините Сарај, Аеродром и Гостивар, како што предвидува законот.


