Со оглед на вчерашната координација на функционерите на ВЛЕН, одржана во Владата, тоа е горчливата вистина која на граѓаните на Република Македонија им ја сервира ДПМНЕ со своите лаги и лажни ветувања. Инаку, на координацијата повторно беше истакнато албанското државно знаме, во највисоката македонска државна институција, со што повторно флагрантно се крши Законот за употреба на знамињата на Република Македонија.
ДЕМОКРАТИ уште еднаш прашуваат: Дали во Македонија има легитимна влада, или има две: едната на ДПМНЕ, а другата на ВЛЕН, која е многу полоша и порадикална од таа на ДУИ?
Дали главен град на Албанците е Тетово?
Дали случајно премиер на албанците е Изет Меџити со својата непостоечка фукција на прв вицепремиер, непозната за македонскиот Устав?
Се гледа дека ДПМНЕ безобзирно и намерно ги излажи македонските гласачи ветувајќи им ја “Македонија повторно твоја”, веројатно мислејќи на делот од Македонија кој од сопственост на ДУИ, сега премина во рацете на ВЛЕН?
Па, зошто 58 пратеници, премиеру Мицкоски?
Да не ти се потребни за изгласување закони за нови поделби на Македонија? Само прашуваме?
ДЕМОКРАТИ, секогаш со граѓании!


