За жал, 33 години на локално ниво доаѓаат неспособни и криминални градоначалници и советници кои ги уништуваат општините низ Македонија.
Владата донесе одлука да инвестира 250 милиони евра во општините, под изговор дека ќе го подобри живот на стотици илјади семејства на локално ниво.
Измамата да биде уште поголема од страна на Владата е што вели, сите општини можат да конкурираат со проекти, (80 општини се пријавија со преку 360 проекти), а министерствата ќе одлучуваат кои проекти ќе бидат финансирани од Владата. Можете почитувани граѓани да замислите кои проекти и на кого ќе бидат селектирани и финансирани!
ДЕМОКРАТИ веруваат дека ова е уште една манипулација и измама на Владата со граѓаните – гласачите и дека е ова уште еден ПОТКУП на гласачи и бизнисите од страна на централната власт, за локалните избори кои ќе се одржат во октомври 2025 година!
ДЕМОКРАТИ предлагаат наместо да се финансираат 250 милиони евра во општините, за локални проекти, да се инвестираат секоја година, наредните 10 години, по две милијарди евра во изградба на фабрики, производствени погони, електрани, во земјоделството, инфраструктурата, образованието, науката и иновациите, здравството, здрава животна средина и т.н. Со такви инвестиции ќе креираме врвна економија и нови работни места со високи плати и ќе го спречиме масовното иселување -протерување на младите во странство.
Без капитални инвестиции во економијата и креирање на нови работни места во стопанството, младите масовно ќе се иселуваат, а Македонија без млади нема иднина!


