Продолжува креирањето на нови функционерски места и нови политички криминални вработувања

Продолжува креирањето на нови функционерски места и нови политички криминални вработувања за кадрите на ДПНЕ, кои немилосрдно го празнат народниот буџет, а за наставниците, професорите и вработените во образованието, немаат пари за ветеното покачување на платите!
Повторно Мицкоски и Владата работат на штета на државата и граѓаните.
За време на кампањата Мицкоски и ДПНЕ, заедно со нивните полтронски приврзоци ветуваа дека ќе ги намалуваат министерствата, функционерите и партиските вработувања во јавната администрација.
Но, како и секогаш, повторно ги излажаа граѓаните и нивните гласачи.
На поранешниот неспособен функционер и пратеник Влатко Ѓорчев, ДПНЕ му измислија државна функција како национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси, со плата над 105 000 денари месечно. Покрај позицијата на Ѓорчев, за национални координатори се поставени Верче Мицевска, за безбедност на храна и поранешната пратеничка на ДПНЕ, Лилјана Затуроска за локална самоуправа.
Исто така, Владата ги смести во удобни фотелји нивните коалициони полтрони Павле Трајанов за национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот, Блерант Рамадани за национален координатор за примена на нови технологии и Солза Грчева за национален координатор за реформи во високото образование.
За жал, Мицкоски и Владата наместо да ги намалуваат министерствата, министерските функции, директори, заменици, раководители, вработените во јавната администрација, (ова е пљачка на народен буџет во корист на нивни партиски полтронски послушници и поддржувачи и партии), тие ги зголемуваат и го празнат народот буџет, за кој велат е празен и дека нема пари за зголемување на платите на наставниците, професорите и работниците.
ДЕМОКРАТИ најостро го осудуваат креирањето на нови криминални политички вработувања, на нивните неспособни полтронски кадри и пљачкањето на народниот буџет од страна на Владата и Мицкоски.
Претходно Нова серија обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – имаат ли некаков ефект?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ