Непреченото дивеење на трговските олигарси и транзициски бизнисмени, кои ги диктираат цените на храната

Непреченото дивеење на трговските олигарси и транзициски бизнисмени, кои ги диктираат цените на храната, енергенсите, становите, услугите, им овозможува тие да остваруваат неверојатни екстра профити
Партијата ДЕМОКРАТИ остро протестира за негрижата и недомаќинскиот однос на Владата на ДПНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во однос на ценовните шокови на основните производи, кои директно влијаат врз осиромашување на граѓаните, а се диктирани од алчноста и желбите за профит на трговците и дел од увозниците кои безмилосно, без економска оправданост ги креваат цените на производите и услугите.
Ноншалантното однесување на Христијан Мицкоски и неговите партнери, додека Македонија е втора најсиромашна држава во Европа, а граѓаните со своите приходи не можат да се прехранат, ја покажува само старата изрека “дека ситиот на гладниот не му верува, ” во најлошата смисла на зборот.
Додека, Зоран Заев заедно со ДУИ ги распродаваше македонските национални интереси и ја доведе државата и економијата до питачки стап, новата власт која безочно го излажа народот со политички и економски ветувања, не мрда со малиот прст во однос на дивеењето на трговските олигарси кои остваруваат неверојатни екстра профити.
Можеме да видиме дека цела Европа ги стабилизира цените, дека пополека стопанството заздравува од војната во Украина, но тоа како да нема влијание во Македонија, каде што мала рака транзициски бизнисмени ги диктираат цените на енергенсите, храната, становите, услугите. Македонија под Заев и Мицкоски стана вистинско “Ел дорадо”- златен рудник за ограбување и пљачкање на и онака сиромашниот народ.
ДОСТА го залажувате народот со некави ,,кошнички” со намалени цени на основни производи, кога сите добро знаеме дека имаме астрономски високи цени, кои секојдневно се зголемуваат и за жал, граѓаните стануваат посиромашни и неможат да се прехранат.
ДЕМОКРАТИ ветуваат дека ќе дојде време кога овие ужасни политики ќе дојдат во наплата, кога прогресивните сили на демократијата остро ќе се спротистават на лагите и узурпациите, кои сега ги реализираат ДПНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.
ДЕМОКРАТИ Секогаш со граѓаните!
Претходно На земјоделците не им треба субвенции, нив им е потребно гарантиран откуп и цена

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ