Невидени манипулатори и лажговци се Владата и Министерот за здравство Арбен Таравари

Се отепаа од фалење, поточно од лажење и манипулации со економските директори во јавните здравите домови, кои неквалитетно и неодговорно ја злоупотребуваа нивната функција дека ќе ги укинат, а тие наместо да укинат, за жал ги претворија во нови „советници“ во клиниките, кои ќе продолжат да го празнат народниот буџет, во време на катастрофална финансиска криза која владее во здравството.
Наместо Владата и Министерот Арбен Таравари да ги намалат непотребните вработување и вработените кои неквалитетно и неодговорно ја вршеа работата и кои ја злоупотребуваа нивната функција, како што ветуваа, тие повторно ги излажаа и изманипулираа граѓаните.
Повторно продолжуваат со вработувања на истите неквалитетни и непотребни кадри и го празнат народниот буџет со нови измислени работни места на нивните полтронски послушници, лепачи на плакати и гласачи!
Само за пример, како ДЕМОКРАТИ сакаме да ви укажеме почитувани граѓани, како си ги вработија повторно економските директори кои наводно ги ,,укинаа”. Такво вработувањето е од страна на директорот на Детска клиника Реџеп Мемеди, на Алајдин Мемеди поранешен економски директор, во клиниката во која изврши пљачка со самоволно зголемување на неговата платата, спротивно на законот и од која клиника е тужен.
ДЕМОКРАТИ се борат против криминалните партиски вработувања и расипничкото трошење на народните пари во здравството и единствен услов за вработување да биде квалитетот и стручноста, а не партиската и верската припадност.
Претходно Бараме од Уставниот суд да ја укине алатката „балансер“ за вработување

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ