НЕПОТРЕБЕН БАЛАНСЕР

ДЕМОКРАТИ во потполност ја поддржуваме одлуката на Уставниот суд за замрзнување на балансерот при вработувањата во администрацијата, со кој се загрозуваат основните човекови слободи и права, како правото за слободно изразување на националната припадност, правото на достапност на секое работно место во администрацијата и т.н.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека главна причина за потребата од воведување на балансерот и за дискриминацијата при вработувањето по национална основа е – криминалниот изборен закон со затворени листи, затоа што со него се гласа за партии, а не за личности. На тој начин луѓето не само што се поделивме по партиска – туку и по национална и верска припадност, заради формирањето на чисти национални партии во кои не е важен квалитетот на луѓето, туку личниот интерес, послушноста и лојалноста на лидерот и националната и верска припадност!
Со гласањето за партии со затворени листи моќта за вработување во администрацијата премина во рацете на лидерите на партиите, кои таа моќ ја злоупотребија за вработување по партиска, национална, пријателска и роднинска линија и за партизирање и заробување на администрацијата, па националните малцинства немаа друг излез освен – да се изборат за национален балансер при вработувањето.
Ние ДЕМОКРАТИ се залагаме за револуционерното решение кое одамна се применува во развиена Европа – воведување на отворените листи и гласање за личности, со што станува небитна националната, партиската или роднинско-пријателската припадност, а најважен станува квалитетот на луѓето, односно мерит системот.
Со воведувањето на отворените листи сите граѓани на Македонија стануваме еднакви, и формално пред законите и фактички во политичкиот систем и во животот. Со отворените листи се воведува позитивната селекција на луѓето и се бараат само најквалитетните, па со тоа и националниот балансер станува – сосема непотребен!
Претходно Нема поголеми криминалци од политичарите!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ