СЛОБОДА ПРОТИВ РОПСТВО

Веќе подолго време гледаме како во светот се развиваат два системски процеси во државите: демократија и автократија. Со демократијата во државите се негуваат граѓански права и слободи, високи стандарди и правна и функционална држава, а со автократијата се заробува државата, се форсира послушност и лојалност кон автократите, контрола на се’ во државата, корупција и криминал.
Интересно е што во сите држави каде што има автократија изборниот систем е со затворени листи и се гласа за партии, а таму каде што владее демократија има отворени листи или мнозински изборен модел и се гласа за личности.
Затоа ДЕМОКРАТИ сметаат, дека денес во светот има глобален судир помеѓу демократијата и автократијата како системи, односно судир помеѓу слободата и ропството. Во овој судир победникот на крајот сигурно е познат.
Ние ДЕМОКРАТИ сме максимално против ропството за граѓаните кое со затворените листи го носи автократијата, и за слободата и високите стандарди кои со отворените листи ги носи демократијата.
Затоа максимално се залагаме за итна промена на криминалниот изборен закон и за воведување на отворените листи, бидејќи само така во Македонија можеме да го победиме полудениот авторитаризам и да ја донесеме вистинската демократија и вистинската слобода!
Претходно ДЕМОКРАТИ СЕ ЗАЛАГААТ ,,БАЛАНСЕРОТ” ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ