Мицко и Владата ќе ги залажува студентите со ваучер од 250 евра да си купат електронски уред и ќе одели од народниот буџет 10 милиони евра за младите да отпочнат бизнис за да останат во Македонија.
А бре Мицко, твоето злосторничко здружение викано ДРПНЕ и исто така злосторничките здруженија на СДС-ДУИ, со вашите злосторнички банди ја плачкате, уништувате и разнебитувате Македонија 33 години и масовно ги протерувате младите од државата.
Сега, за да ги задржите младите ќе ги залажувате и потценувате со 250 евра да си купат електронски уреди и ќе им давате од 1000 до 30.000 евра за бизнис. Ти навистина не можеш повеќе да ги манипулираш, поценуваш и лажеш младите. Младите се многу попаметни, одколку што ти мислиш, и со мизерни понуди нема да ги задржиш во Македонија.
На студентите им е потребно бесплатно образование, бесплатни квалитетни студенски домови, храна, превоз, а не ваучер од 250 евра за електронски уреди.
На младите бизнисмени им се потребни чесни политичари и правен и политички систем, кои ќе креираат услови за развој на врвна економија, а не да ги залажуваш со 1000 до 30.000 евра народни пари, кои Владата ќе ги доделува на своите партиски миленици.
Демократи секогаш со граѓаните!


