На овој ден во далечната 1941 година македонскиот народ ја започна борбата против фашистичките окупатори.
Со започнувањето на вооружената борба против бугарските, италијанските и германските фашисти, Македонија даде свој придонес во победата над фашизмот во Втората, светска војна.
Денес македонскиот народ и македонските граѓани живеет во суверена држава, но за жал, не’ слободна, под “ропство” на владеачките криминални здруженија и нивните злосторнички криминални банди кои 33 години ја пљачкаат, уништуваат и разнебитуваат државата.
Поради тоа,македонскиот народ и македонските граѓани мора да се обединат, да се освестат и спротистават, и да се борат и изборат повторно за слободна и просперитетна Македонија, за достоинствен живот и подобра иднина на генерациите што доаѓаат.
Македонија вечна и вековита!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!


