Во Македонија постои Македонска aкадемија на науките и уметностите, во која членуваат академици од различна етничка припадност.
Националистите од ВЛЕН подолго време сакаат да креираат Албанска aкадемија на науките и уметностите, напоредно со Македонската академија на науките и уметностите, но за жал, со тоа креираат етнички тензии помеѓу граѓаните на Македонија.
Тие сакаат да изигруваат големи лажни албански патриоти, поточно душегрижници за албанските граѓани во Македонија!
Тоа го прават со една и единствена цел, да го одвлечат вниманието на албанските граѓани од нивната неспособност да креираат врвна економија, нови вработувања во стопанството со повисоки плати, да го спречат иселувањето на младите, да се справат успешно со криминалот и корупцијата (со политичките и стопанските криминалци, меѓу кои се некои од нив), од нивната неспособност да креираат подобро образование, здравство, здрава животна средина, инфраструктура, соживот, взаемно почитување помеѓу македонските граѓани.
За жал, челниците на ВЛЕН подолго време шират национализам и раздор помеѓу граѓаните на Македонија, наместо да шират соживот, взаемно почитување и соработка за доброто на Македонија и сите граѓани!
ДЕМОКРАТИ се против етничка поделба на науките и уметностите во Македонија и
формирање на Албанска академија на науките и уметностите.
Македонија вечна и вековита!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!


