ПРЕДУПРЕДУВААТ ПРЕД ДОАЃАЊЕ НА ЗИМАТА

Загадувањето на воздухот претставува сериозен проблем во Македонија и има значителни здравствени, еколошки и економски последици. Со оглед на географската позиција, климатските услови и човечките активности, поткрепени од досегашното лошо владеење на партиите на власт и енормното непочитување на законите од еколошката сфера, многу градови во земјата се соочуваат со алармантно високи нивоа на загадување, особено во зимскиот период.
Македонија е меѓу земјите во Европа и светот со највисоки нивоа на загаденост на воздухот. ПМ2.5 честичките (ситни честички кои се најопасни за човечкото здравје) често ги надминуваат препорачаните вредности од Светската здравствена организација (СЗО). Според извештаите за квалитет на воздухот, некои градови како Скопје, Тетово, Битола и Куманово често имаат концентрации на ПМ2.5 и ПМ10 честички што се до 10 пати повисоки од препорачаните нивоа, и притоа власта не превзема никакви мерки за намалување на истите и казнување на загадувачите, кои се обично поврзани коруптивно со власта.
ДЕМОКРАТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ дека загадувањето на воздухот има директни и индиректни ефекти врз здравјето на населението. Според истражувања, голем дел од населението страда од респираторни заболувања и кардиоваскуларни болести поврзани со загадениот воздух. Со тоа македонското население губи животи, стопанството губи квалитетни работници и работни часови, општеството го губи стандардот. И се поради корумпираност и неажурност на секоја влада досега.
Главни болести предизвикани од загадувањето кои го уништуваат македонското население се:
• Респираторните заболувања: астма,хобб, хроничен бронхитис и други хронични белодробни заболувања.
• Кардиоваскуларните заболувања: зголемен ризик од срцеви удари и мозочни удари.
• Карциномите: долгорочна изложеност на загадувачи, особено ПМ2.5 честичките, се поврзува со зголемен ризик од рак на белите дробови.
• Скратениот животен век: Пресметано е дека загадувањето во Македонија директно го скратува животниот век на населението. Според податоците на СЗО, околу 3.000 лица годишно умираат предвреме поради болести поврзани со загадувањето на воздухот.
ДЕМОКРАТИ ЗАТОА ПРЕДЛАГААТ ПОД ИТНО ДА СЕ РЕАГИРА:
Долгорочното изложување на загаден воздух има катастрофални последици за здравјето на сегашните и идните генерации. Покрај краткорочните ефекти, како чести инфекции и воспаленија на дишните патишта, долгорочните последици вклучуваат намалување на когнитивните способности кај децата и зголемен ризик од хронични болести.
Исто така, загадувањето негативно влијае на економијата на државата, бидејќи здравствените трошоци за третман на болести поврзани со загадувањето се големи, а продуктивноста на работната сила се намалува.
ДЕМОКРАТИ ГИ ПРЕДЛАГААТ СЛЕДНИТЕ МЕРКИ И РЕШЕНИЈА:
Со цел да се намалат штетните ефекти од загадувањето, Македонија мора да спроведе долгорочни стратегии и мерки. Меѓу најважните чекори се:
• Пречистување на индустриските емисии: Индустриските постројки мора да воведат технологии за намалување на емисиите на штетни честички.
• Префрлување кон обновливи извори на енергија: Намалувањето на зависноста од фосилни горива, како што е јагленот, е клучно за намалување на загадувањето.
• Подобрување на урбаната инфраструктура: Подобрување на јавниот превоз, електрични автобуси, камиони, коли, промовирање на велосипедизам и пешачење.
• Зелени површини: Зголемување на зелените површини во градовите помага во апсорбирање на загадувачите и подобрување на квалитетот на ВОЗДУХОТ, а сведоци сме на уништување на зелени површини од страна на урбаната мафија.
• Потребна е политичка волја за чиста животна средина, без влијанија од бизнис заедницата, увозниците на лекови, општинските градоначалници и др. дејанија поврзани со висока корупција.
ДЕМОКРАТИ Предупредуваат дека
загадувањето во Македонија е сериозен предизвик кој бара итни мерки. Со цел да се заштити здравјето на населението и да се осигура подобра иднина за следните генерации, потребни се координирани активности од страна на владата, индустријата и граѓаните.
Демократи секогаш со граѓаните!
Претходно ИТНО донесување на закон за потекло на имотот и конфискација на украденото од 1991 година!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ