ДЕМОКРАТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: ДПНЕ, ВРЕДИ И ЗНАМ СЕ ПОДГОТВУВААТ ДА ГИ КРИЈАТ КРИМИНАЛИТЕ

Оваа Влада го користи најгебелсовскиот метод: секни ги каналите за информирање за вести од јавен интерес!!!
Актуелната власт на криминалните партии ДПНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ полека недемократски и режимски ги укинува каналите за пристап кон информациите од јавен карактер како што се Централниот регистар и Бирото за јавни набавки. Ова се прави со една единствена цел, да се скријат идните криминали кои ќе ги прави оваа криминална коалиција.
Да се потсетиме, сомнителниот увоз на јаглен за РЕК Битола, интересите зад проектот за катна гаража до парламентот, купувачот на запленетите станови на Сашо Мијалков, фирмите за надзорот на Бехтел и Енка, набавките на софтвер поврзани со Драги Рашковски и стотици други криминални дејствија и приказни беа откриени благодарејќи на новинарите, со употреба на податоци од Централен регистар и Бирото за јавни набавки.
Со забраната за користењето на правото за пристап до информации од јавен карактер повторно на власт се враќа диктаторскиот режим на ДПНЕ кој во историјата е познат како рестриктивен, недемократски и авторитарен.
Актуелната власт, се чини не ги учи поуките од минатото, и во ист стил ги затвора каналите, преку кои досега можеше да се стигне до информации, кои се основни во борбата против корупцијата и криминалот. Но очигледно, тоа е начин на живот на ДПНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, и на нивните корумпирани лидери.
Деновиве Централниот регистар времено го стопираше бесплатниот пристап на новинарите до информации за фирмите што ги истражуваат. Истовремено, правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во последниве месеци сè почесто се изигрува, па обидот да се добие одговор на некое прашање од новинарите намерно се одолговлекува, и може да трае со месеци додека власта ги прикрие трагите на случајот, а јавноста заборави на него, и целиот случај да заврши неуспешно.
Наравоучение: За оваа влада да биде поштедена од скандали, едноставно и просто, таа го користи најгебелсовскиот метод: секни ги каналите за информирање за вести од јавен интерес!!!
Така делувааат само диктаторските режими со диктатор на чело! ДПНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ се на добар пат да станат најлошиот диктаторски режим во модерна Европа!
Демократи секогаш за граѓаните!
Претходно И СЕГА ШТО?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ