Деновиве го слушаме Мицко како на пресови и медиумски гостувања, на прашањата од новинарите за неговите неисполнети изборни ветувања и несериозни одлуки, лаконски и самобендисано, полн со себе, одговара: Па што? Еве нека е така, и сега – што? ДПНЕ не го врати името – па што? Не го раскина договорот со Бугарија – па што? Не ги почнавме преговорите со ЕУ – и сега што? Ќе се кршат законите и уставот за знамињата, за секуларноста на државата, за јазикот – и што? Ете ќе се презадолжиме со унгарскиот кредит – и сега што?
Ваква аздисаност, безобразност и ароганција до сега немало во Македонија!
И навистина, оваа аздисаност и ароганција на Мицко имаат основа – кој нешто му може во државата? Целата држава е партизирана и под негова максимална контрола и собранието и сите институции, па си прави и зборува – што си сака.
Ова, од првите 100 дена влада и не е ништо – спрема она што допрва не чека од него. Владата и премиерот одговараат пред собранието и пратениците кои ги изгласале. Пред кои пратеници бре, пред оние полтронски послушници кои тој ги заробил со затворените листи? Па тие си имаат имунитет, си добиваат 78% зголемена плата и нешто плус, во дневници, патни трошоци, учество во измислени комисии и какви не други глупости, кои немилосрдно го пљачкаат народниот буџет, и никој ништо не им може!
Кој од нив смее да му каже на Мицко дека ја уништува државата, или не дај боже да побара и гласа за негова интерпелација? Луѓето затоа паѓаат во депресија, апатијата и разочараност, и ни се иселуваат од државата.
И навистина, сега што? Дали навистина никој ништо не им може на Мицко и политичките криминалци во Македонија? Ние ДЕМОКРАТИ велиме – има брз излез, решение и лек. Треба само да се ослободат пратениците од ропството на Мицко, да бидат слуги на граѓаните, а не на Мицко, и да работат за граѓаните и државата. Тогаш Мицко многу ќе пази што ветува на избори, и дали тоа ќе го исполни.
И треба да има опција сите пратеници кои нема да ги остварат своите предизборни ветувања, и кои нема да работат во интерес на граѓаните и државата – да може да се отповикаат, и на нивно место да дојдат вистински граѓански пратеници. А тоа е можно само со промена на криминалниот Изборен закон и воведување на отворените листи!
И сега, што треба да направиме за да биде вака? Па тие самите никогаш тоа нема да го изгласаат во собрание, а никој друг однадвор не може да ги воведе отворените листи. Целата работа се решава за секунда: или со гласање на пратениците за промена на криминалниот Изборен закон и воведување на отворените листи во собрание – или на избори со гласање за ДЕМОКРАТИ!
Бидејќи првото сигурно нема да се случи, останува на избори сите да гласаме за ДЕМОКРАТИ, да гласаме за промена на криминалниот Изборен закон и отворените листи – и веднаш потоа ќе има огромна промена на многу подобро, и за нас граѓаните и за Македонија!
Значи во наши раце е нашата судбина, и затоа ние ДЕМОКРАТИ ја бараме вашата поддршка!
Демократи секогаш за граѓаните!


