ЗАВИСТ И ЉУБОМОРА

Секојдневно слушаме критики за власта од партии и поединци, колку многу партиите на власт крадат државни пари, колку излажале во изборната кампања – и сето тоа е точно. Ама нема ни збор за причините кои тоа го овозможуваат, ниту за решението за тој проблем – кое е многу лесно и ефикасно!
Критикувањето на власта за криминалите и лагите кои секојдневно ги прави, а не нудење излезно решение, кое патем постои и е познато, е гола завист и љубомора што тие не се на власт – за да крадат уште повеќе!
Како може сите партиски „експерти“ преку медиумите секојдневно да не трујат со сите лаги, манипулации и криминали кои ги прави власта на ДРПНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, да ни го загорчуваат до труење животот со откривање на тажните вистини за фалсификат документи, партиски криминални вработувања, договорени и наместени тендери, провизии, фирми во Бугарија, партиски обвинители и судии, партиски администрација и медиуми, и т.н и т.н. – а да не зборуваат за причината за овие проблеми и за решението, за излезот од оваа трагична ситуација, кој излез уште е и лесен и проверен?
Затоа тука сме ние ДЕМОКРАТИ, да ја кажуваме вистината и да се бориме за граѓаните и за државата – а не за власт! Затоа ние ДЕМОКРАТИ зборуваме за проблемите, ама ја потенцитаме и причината за најголемите проблеми – криминалниот изборен закон и затворените листи, и инсистираме на ИТНА примена на наједноставното и најефикасно решение за овие најголеми проблеми – воведувањето на отворените изборни листи! И затоа ја бараме вашата граѓанска поддршка, најнапред за медиумска промоција на отворените листи, а потоа и за изборна поддршка за ИТНО воведување на отворените листи, и за спасување на македонската држава!
Вистината е дека сите други партии и поединци ја критикуваат власта преку нивните медиуми – за тие да дојдат до власта, моќта и државните пари, и дека само ДЕМОКРАТИ и партнерите од Фронтот за спас на Македонија се бориме, вие граѓаните со помош на отворените листи, да дојдете на власт во Македонија, и самите да ги менаџирате вашите буџетски пари!
Демократи секогаш со граѓаните!
Претходно ДЕМОКРАТИ ПОДОЛГО ВРЕМЕ БАРААТ ДА СЕ ОТВОРИ ИСТРАГА И ДА СЕ ПОДИГНЕ ОБВИНЕНИЕ ЗА ПРОНЕВЕРА НА ДРЖАВНИ ПАРИ

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ