Според Државниот завод за ревизија на работата на Клиниката е утврдено дека има биолошка терапија само за 24% од пациентите кои би можеле да ја користат, од причина што нема пари да се купи биолошка терапија.
,,Бројот на пациентите кои примаа терапијата во болница во 2023 година изнесува 54.423, а утврдивме дека само 24% се приклучени на биолошка терапија“, стои во ревизорскиот извештај.
Министерот за здравство Таравари се уште ги нема одобрено протоколите-упатства за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија е вклучена и биолошката, а се разбира и е неспособен да најде пари за Клиниката.
Повеќе од една година, KATO системот како единица за централна подготовка на цитостатска терапија, уште не е во функција.
„Системот е делумно опремен, недостасуваат клучни компоненти, а просторот не е адаптиран за стерилно работење. Дополнително, подготовката на терапијата со овој систем трае подолго време, што ќе го зголеми времето на чекање за апликација на терапија. Исто така, Клиниката нема доволен број фармацевти за работа со системот, а потребни се и дополнителни средства од околу 8 милиони денари годишно за потрошен материјал“, се додава во извештајот.
Во 2023 година Клиниката примила донирани лекови во вредност над 500.000 евра, кои ги немало во финансиската евиденција, откриле ревизорите.
За жал, продолжува хаосот и уништувањето на човечки животи во Клиниката.
ДЕМОКРАТИ повикуваат неспособниот министер за здравство Арбен Таравари, да си поднесе ИТНА оставка и Владата да најде ИТНО пари за сите пациенти на кои им е потребна биолошка терапија, а не да финансира покачување на платите на функционерите-криминалци кои немилосрдно го пљачкаат народниот буџет!


