Честитки до американскиот народ кој одлучи на фер и демократски избори за иден претседател на САД да биде Donald J. Trump.
Нека нашите пријателски земји ја продолжат и продлабочат соработката и партнерството во сите сфери на општественото живеење и да продолжат да ги негуваат пријателските односи помеѓу нашите народи.
Претседателе Трамп, Ви посакуваме добро здравје и успех во вршење на функцијата претседател на Соединетите Американски Држави, за доброто на американскиот народ и целиот свет!


