НАТО Армија со геврек и јогурт…бурек е скапа опција!!!

За жал, имаме тотална негрижа за Армијата и професионалните војници од страна на Владите од осамостојувањето до денес.
Сегашниот Министерот за одбрана Владо Мисајловски отвара градинки, на место да се грижи за Армијата.
ДЕМОКРАТИ им ја даваат целосната поддршка на Независниот синдикат на професионални војници и претседателот Александар Наскоски и предлагаат:
1. Минимална плата на професионален војник да биде 60.000 денари
2. Договор за вработување на неопределено време
3. Пензии за сите професионални војници и останатиот активен воен персонал
Преземено од Александар Наскоски, претседател на Независниот синдикат на професионални војници.
– Поминаа повеќе од 3 недели откако доставивме барања до министерот за одбрана за
👉 зголемување на платата на сите професионални војници од 30%,
👉 трансформирање на работниот однос на неопределено време и
👉 ПЕНЗИОНИРАЊЕ на професионалните војници како и останатиот активен воен персонал 👈
Како што изјави јавно министерот #ВладоМисајловски сите барања ќе бидат внимателно разгледани 🤔
НО
На владина седница беше изгласан буџетот за 2025 година во кој НЕМА предвидено зголемување на платите на вработените во Армијата и МО, а посебно не за професионалните војници …
Очигледно разгледувањето на барањата траело ЕДНА СЕКУНДА , доволно време да се фрлат во корпа за отпадоци 🗑️
Ете уште еден доказ дека професионалните војници се најдискриминирани и доказ колку го ценат војникот …🤏
Ова е РЕАЛНОСТА, на односот на работодавецот кон припадниците на Армијата !!!
Плата на професионален војник 30.292 денари, цели 11.000 денари под просечната плата во републиката,а синдикалната кошница е 61.000 денари за основни потреби ❌❌❌
Две плати на професионалниот војник не се доволни за една синдикална кошница 😡😡😡
Ама битно во НАТО сме 👏👏👏
НАТО Армија со геврек и јогурт…бурек е скапа опција !!!
👉25 години на Определено време ❌
👉На 45 години поклон за роденден на секој професионален војник по една КЛОЦА и под биро за вработување ❌
Заслуга за 25 години служба за државата од државата
Независен синдикат на професионалните војници: Мисајловски да се погрижи за АРМ наместо да отвора градинки
Првпат гледаме министер за одбрана да отвора градинки, наместо да се погрижи за Армијата, пишува во објава на Фејсбук Александар Настески, претседател на Независниот синдикат на професионалните војници.
– Пред неколку дена се постави камен темелник за нова градинка во општина Ѓорче Петров, и како што можевме да видиме таму присуствуваше министерот за одбрана #ВладоМисајловски !
За првпат видовме министер за одбрана да присуствува на почеток на изградба на
” градинка “….🤔⁉️
👉Како синдикат повеќе очекувавме дека ќе присуствува на поставување камен темелник на нови објекти по касарните низ државата и реновирање на постоечките …АМА за жал не е така ‼️
👉 Бидејќи како синдикат немаме средба со министерот во овие 4 месеци и НЕМА социјален дијалог… Ќе му образложиме како е во Армијата ❗
👉 Господине министер,
🔴 Дали знаете дека 95% од лицата кои даваат стражарска служба (обезбедување на објекти) се професионални војници
🔴 Дали знаете дека во тие објекти , тие професионални војници таму работат,спијат, јадат, престојуваат 24 часа / 365 дена во годината
🔴 Дали знаете дека некои објекти не се реновирани дури од ЈНА, дека се покриваат скршените прозорци со картони, дека има влага и објектите се руинирани, дека војниците спијат на перници и ќебиња стари 20 години ‼️
🔴 Дали знаете дека нема техничка вода , дека се носи вода со цистерни, некаде нема струја се употребуваат агрегати, нема каде да се избањаат војниците и нема санитарни јазли ‼️
ЗНАЕТЕ ЛИ ⁉️
СЕКАКО ДЕКА НЕ ЗНАЕТЕ, бидејќи НЕМА кој да Ви каже ‼️
👉Министерството за одбрана ТРЕБА да се грижи за припадниците на Армијата, за ТИЕ кои деноноќно ја чуваат државата треба да се обезбедат нормални услови за работа и живот, а не да се прави ПР од се ❗
❌ На професионалните војници не им треба градинка , бидејќи над 80% од професионалните војници кои ќе наполнат 45 години ја напуштаат државата со се цело семејство…. така да секако градинките ќе бидат празни ❗
👍 На професионалните војници им треба ПЕНЗИЈА за да продолжат да живеат во оваа држава ‼️
А баш за таа ТЕМА сите се НЕМИ , и тоа со децении….
ДЕМОКРАТИ им ја даваат целосната поддршка на Независниот синдикат на професионални војници и предлагаат:
1. Минимална плата на професионален војник да биде 60.000 денари
2. Договор за вработување на неопределено време
3. Пензии за сите професионални војници и останатиот активен воен персонал
Претходно ГРОБАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НУДАТ СПАС ЗА МАКЕДОНИЈА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ