За жал, продолжуваат криминалните партиски вработувања од страна на ненародната Влада во јавната администрација и покрај тоа што, за време на предизборната кампања ветија дека ќе ја намалат јавната администраја.
Наместо да се намалуваат вработувања во администрацијата, Владата ги зголемува со измислени нови функции, како што се заменици – директори, советници и што уште не други идиотски позиции за да си ги вработат нивните полтронски послушници.
Се донесе закон во Собранието да се укинат Економските директори во клиниките, за подоцна истите тие да бидат именувани во советници.
Исто така наместо да се укинат заменик-директорите во Царината, властите креираа уште два заменик-директори, за да можат ВРЕДИ и ЗНАМ да си постават свои луѓе, а во Собрание се изгласа за трет директор за Царината на ЗНАМ.
За жал, властите продолжуваат со креирањето на непотребни функции и нови вработувања во јавните установи за своите полтронски послушници и продолжуваат со пљачкање на народниот буџет.
ДЕМОКРАТИ се згрозени и најостро ги осудуваат лагите и манипулациите на Владата и пратениците, кои измислуваат нови функции и вработувања со високи плати во јавната администрација и секојдневното го пљачкаат народниот буџет, додека граѓаните стануваат се посиромашни и гладуваат.
ДЕМОКРАТИ подолго време се борат да се намали јавната администрација и единствен услов за вработување да биде квалитетот и стручноста, а не партиската или етничката припадност.


