ШИЗОФРЕНИЈА

Денес во Македонија дефинитивно живееме во шизофрено општество:
Премиерот и министрите во парламентот ги караат, омаловажуваат и навредуваат пратениците – кои нив ги избрале!
Квалитетните и чесни луѓе, кои мачно работат и ги почитуваат законите – се сметаат за глупави и будали, додека мрзливите и снаодливи мангупи, кои се активисти во политички партии и лажат, крадат и манипулираат, кои не ги почитуваат и ги изигруваат законите – се сметаат за паметни, се поставуваат на највисоки државни функции – им се дава во раце огромна моќ!
Премиерот Мицко на говорница им се заканува на пратениците на СДС да не ги објавуваат лажните сертификати на неговите функционери – за да не ги објави тој фалсификуваните сертификати на функционерите на СДС, кои ги поседува и со кои мафта од говорница!
И да не наведуваме уште многу вакви примери, со кои се докажува дека вредностите во државата се тотално испревртени, дека доброто е лошо и обратно, дека лошите и бездушните – се успешни, а чесните и квалитетните се губитници, и т.н.
Оваа шизофренија и рушење на вредносниот систем ги разочарува чесните и квалитетните луѓе и ги брка од државата, а ни останува само човечкиот и душевен шљам во политиката – да ни кажува колку ни е убаво, колку сме успешни, и колку треба да остане вака, ништо да не се менува.
Ние ДЕМОКРАТИ знаеме дека коренот на оваа шизофренија е во шизофрениот изборен закон со затворени листи, и затоа нудиме оздравување и нормализирање на државата и граѓаните – со воведување на нормалниот и здрав изборен систем со отворени листи.
Лекот е бесплатен и крајно ефикасен, и само треба ние граѓаните да посакаме да го земеме – за да си ја спасиме државата. Треба само да ги поддржиме ДЕМОКРАТИ, сега веднаш и на следните избори, и отворените листи веднаш ќе ги излечат овие шизофрени психопати на власт!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно Не е до кабелот, туку до криминалните банди од редовите на владеачките криминални здруженија на СДС-ДУИ-ДПНЕ

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ