Унгарскиот кредит од 500 милиони евра (читај народни пари) Владата ќе го потроши за да ги финансира неспособните градоначалници и советници и шанса да им даде кредит со поволни услови на привилегираните компании, блиски до неа.
Со парите од унгарскиот кредит, Владата наместо да гради фабрики и производствени погони и да креира нови работни места, таа си купува гласови за локалните избори 2025 година и креира криминални тендерашки бизниси.
ДЕМОКРАТИ го осудуваат ова расипничко и криминално однесување на Владата и бараат од неа да не ги финансира општините и приватните компании.
Ако веќе земате кредити кои граѓаните, нивните деца и внуци ќе ги враќаат, тогаш градете капитални проекти, кои ќе отворат можност за нови вработувања со високи плати и ќе ги задржат младите во Македонија.
ДОСТА ги крадете парите на граѓаните и изборите!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!


