ДЕМОКРАТИЈА ПРОТИВ АВТОКРАТИЈА

За да ни стане појасно што ни се случува денес во Македонија и во светот, да ја разгледаме максимално поедноставената теза – дека денес во светот се случува борба помеѓу два системи: демократија и авторитаризам, помеѓу владеењето на граѓаните и на автократите.
Демократијата, односно владеењето на граѓаните, може да се спроведува со демократскиот изборен систем со отворени листи, додека автократијата се спроведува со лажен демократски систем во кој формално постојат сите демократски институции, но државата е заробена од главниот автократ со помош на затворените изборни листи.
Во Европа западниот и северниот дел се демократски држави со отворени изборни листи, додека во централна и источна Европа има сили кои сериозно се борат за воведување на авторитаризам, кој некаде веќе е и воведен, како во Унгарија, Србија, Македонија и Босна. Борбата против авторитаризмот е сериозна во Црна Гора и Албанија, како и во Бугарија, Романија и Полска. Но, авторитарните сили сериозно работат на разделување на Европа, и одземање на централниот и источниот дел. Македонија е некаде на линијата на фронтот, со Србија и Унгарија, и затоа тие толку инсистираат на нивно поврзување со Македонија, и го форсираат коридорот 10.
Ние ДЕМОКРАТИ ги повикуваме сите демократски настроени граѓани, кои не сакаме Македонија да ни стане заробена авторитарна држава со лажна демократија, да ни се придружат во нашата борба за итна промена на криминалниот Изборен закон, воведување на отворените листи и на вистинската демократија во Македонија, во борбата за слободна, правна и функционална држава, и за подобар живот на нашите идни поколенија – во Македонија!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно Излажаа илјадници граѓани да гласаат за нив. Еве за кого го дадовте вашиот глас!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ