Замислете почитувани граѓани да земате 2.700 евра плата, а да не бидете вработени полно работно време, колку би било убаво

„Трпковска нема да биде вработена во АЕК, туку ќе треба да учествува на седниците на комисијата која на некој начин функционира како управен одбор – усвојува годишни извештаи и програми, ја следи реализацијата, разрешува и бира директор. За ангажманот ќе прима месечен надоместок во висина од четири просечни плати, односно околу 2.700 евра“ објави порталот Призма.
Анкица Трпковска сопственичка на фирмата ,,Анго”, што го купи државното земјиште за 330.000 евра во 2013 година, за време на владеењето на Никола Груевски и која требаше да ја гради спорната гаража до Собранието е избрана на собраниска седница за член на комисија на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од пратениците на владеачкото мнозинство.
Исто така сакаме јавноста да знае дека на незината фирма адвокат и беше Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, што е конфликт на интерес.
Замислете почитувани граѓани да земате 2.700 евра плата, а да не бидете вработени полно работно време, колку би било убаво. Но, за жал, овие места се резервирани за миленичињата на владеачките криминални здруженија, кои сакаат тотално да ги контролираат сите институции, агенции, комисии, и немилосрдно да ни го ограбуваат народниот буџет, додека повеќето граѓани немаат леб да јадат и живеат мизерен живот со секој изминат ден!
ДЕМОКРАТИ се против изборот на Анкица Трпковска за член на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и бараме од Државната комисија за корупција да го испита нејзиното поставување, во време кога властите ќе одлучуваат за висината на финансиската штета да и се исплати на нејзината компанија ,,Анго”, затоа што Владата не дозволува од безбедносни причини нејзината компанија да ја гради катната гаража во близина на Собранието.
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно Зошто Македонските граѓани дозволуваат да живеат во пеколот?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ