ЗАРОБЕНА МАКЕДОНИЈА

Македонија се заробува неколку децении пасивно, а од 2008 година и активно и апла отворено. Сите влади од редовите на злосторнчките здруженија на СДС-ДПНЕ-ДУИ досега правеа партизација на државните институции и ни ги переа и крадеа нашите граѓански пари, но ДПНЕ од 2008 година, тоа почна да го прави отворено, грубо и насилнички, и тоа така го прави и денес.
Што всушност навистина ни се случува?
Благодарение на ДПНЕ Македонија влезе во светската литература како класичен пример за заробена држава, и преку функционирањето на ДПНЕ се објаснуваат теориите како се заробува една држава.
Членот на ДЕМОКРАТИ Јохан Петерсон дојде до таква меѓународна студија, за која детално пишува на својот фејсбук профил, за што му благодариме, кој профил може секој да го отвори и прочита. Во таа теорија на ДПНЕ се гледа како на придружна и послушна партија на унгарската ФИДЕС. Се објаснуваат стратегиите и тактиките како се заробува држава.
Накратко, партијата на власт – ДПНЕ заробувањето го врши најнапред со партизација на клучните места во државата, за да може да ги пере нашите државни буџетски пари, а исто така влијае и на медиумите и граѓанските организации, за да ги замолчи и да ги стави под контрола. И точно како што кажува светската теорија за заробување на државата – токму тоа и ни се случува денес во Македонија.
Треба ли и натаму да се правиме будали и недоветни за ова? Треба ли и натаму да им се плашиме на нашите вистински поробувачи и да им молчиме?
Ние ДЕМОКРАТИ велиме јасно и гласно – НЕ! Ние нема да молчиме, ќе се бориме за граѓаните и државата и гласно ќе зборуваме за најголемиот проблем кој денес и се случува на Македонија – нејзиното заробување од лажните патриоти на ДПНЕ-СДС-ДУИ-ВЛЕН и ЗНАМ!
Причината е јасна – можноста за ова заробување на државата, што ја дава криминалниот изборен закон со затворени листи, и затоа решението е јасно, и е многу едноставно – итно воведување на отворените изборни листи! Со отворените листи и гласање за најквалитетните личности ништо од ова заробување и уништување на нашата држава не е можно, и затоа ние ДЕМОКРАТИ инсистираме на тоа решение, веднаш!
Ако и вие вистински си ја сакате мајка Македонија, и сакате заедно да ја ослободиме од овие модерни поробувачи, клептомани и душмани – повелете со ДЕМОКРАТИ во нашата света борба за слободна и напредна Македонија!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно ДЕМОКРАТСКИ ИМПУЛС – Има надеж, надежта последна умира!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ