Предлог Буџетот за 2025 година е невиден грабеж на народните пари, преку кој ќе се финансираат платите на полтронските поддржувачи, послушници и гласачи на владеачките криминални партии, кои се вработени и ќе се вработуваат допрва во државните институции. Буџетот е да ги финансираат нивните омилени бизнис спонзори и бизниси, а не за развој на економијата, образованието, здравството, науката, иновации, подобра животната средина, помош за социјалата, пензионерите, спортот и културата, ниту за доброто на Македонија и народот.
Буџетот не е за капитални проекти како што се градење на фабрики и производствени погони, електрани и креирање на нови вработувања во стопанството, со високи плати. Не е за задржување на младите во Македонија.
ДЕМОКРАТИ предлагаат:
1. Од Буџетот да се финансираат секоја година во наредните 10 години две милијарди евра во капитални проекти, како што се: фабрики, производствени погони, електрани, во земјоделието, науката и иновации, преку кои ќе се креираат нови вработувања со високи плати. Само така ќе ги задржиме младите и повозрасни стручни кадри во Македонија.
Без млади Македонија нема иднина!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!


